PlacesMap.net

World Places Map Directory
Home - Macedonia - Shtip - Економски Факултет - Штип
Place Type : School, College & University
Address : General Mihajlo Apostolski 32, 2000 Štip
Coordinate : 41.7367511666, 22.2033691406
Phone : 38932550300
Rating : 5.00
Facebook : facebook.com/ ekonomskistip
1.3K people like this.
Website : ef.ugd.edu.mk
Економски Факултет - Штип Економски Факултет - Штип Економски Факултет - Штип
Like this? Embed to your site
Outdated / incorrect informations? Suggest an Edit or Request for Update

About The Business:

Официјална Фејсбук страница на Економскиот Факултет - Штип со цел да се излезе во пресрет на очекувањата и потребите на новите генерации на

Description:

Официјална Фејсбук страница на Економскиот Факултет - Штип со цел да се излезе во пресрет на очекувањата и потребите на новите генерации на

Comments:

Facebook Admin (12/09/2018 16:01)
Не можете да го избегнете ризикот, треба само да го менаџирате.- Нил В. Полок

Facebook Admin (11/09/2018 19:31)
Кој е во право - потрошувачот или компанијата?
Кој е потенцијалниот краен ефект од оваа маркетинг комуникација?
Како е правилно?... ...
Етерот е преполн со погрешни практики! Ајде да ги подобриме!
#НадградиСе #MarketingTalks
Дознај повеќе на. http://marketingtalks.mk/
See More

Facebook Admin (10/09/2018 18:30)
Најчести проблеми во пазарните активности на домашните компании се:
– Водење маркетинг врз база на интуиција наместо врз база на податоци; – Погрешен пристап во прибирање на податоци од пазарот; – Перципирање на маркетингот како трошок, наместо како инвестиција;... – Недоследност при создавање на брендови; – Неуспех во создавање и одржување на интегрирана маркетинг комуникација со потрошувачите...
#НаучиМаркетинг #MarketingTalks
Дознај повеќе на: http://marketingtalks.mk/detali_za_obukat a/ https://life.ugd.edu.mk/…/1774-paket-ob uki-od-oblasta-na-ma…
See More

Facebook Admin (10/09/2018 16:30)
Зошто тогаш кај нас, лидер на пазарот на чоколади на пример, е брендот Милка, а не Мила?
Затоа што... освен за цената, треба да зборуваме и за препознатливост, перципиран квалитет, асоцијации, лојалност кон брендот...
#НаучиМаркетинг... #MarketingTalks
Дознај повеќе на: http://marketingtalks.mk/ https://life.ugd.edu.mk/…/1774-paket-ob uki-od-oblasta-na-ma…
See More

Facebook Admin (07/09/2018 23:21)
Честопати се наметнува прашањето дали претприемач се раѓа или се станува!
Истражувањата (Bird, 1988; Krueger, 1993; Krueger et al., 2000; De Phillis и Reardon, 2007...) покажуваат дека претприемништво на основ на генијалност е многу ретко и дека најчесто е резултат на ЗНАЕЊЕТО да се препознае бизнис можност и ВЕШТИНИТЕ да се анализираат и планираат потребните чекори за позиционирање на бизнисот на пазарот.
... Дознај повеќе... http://marketingtalks.mk
#НаучиМаркетинг #MarketingTalks
See More

Facebook Admin (06/09/2018 16:26)
Драги студенти, вработени, невработени, сопственици на бизниси... сите кои имате интерес и потреба од дополнителни, корисни и практично применливи знаења од маркетинг...
Ве известуваме дека Центарот за доживотно учење при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, организира обука од областа на комерцијалниот маркетинг, со цел презентирање на ефикасни вештини за пронаоѓање и искористување на пазарни можности за успешен пласман на производи, брендирање, создавање на лојални потрошув...ачи, промовирање на социјални медиуми, зголемување на продажба и профит.
Предавачи на обуката ќе бидат: Д-р Тамара Јованов Апасиева, универзитетски професор по Маркетинг при Економски Факултет, УГД и маркетинг консултант во приватниот сектор, Д-р Ива Дујак, технички директор на маркетинг агенцијата Brand Union и Петар Георгиевски, раководител на одделот за истражување и стратегиски консалтинг во маркетинг агенцијата Маркет Висион.
Дополнителни информации за обуката и за пријавување за учество на следниов линк: http://life.ugd.edu.mk/…/1774-paket-obu ki-od-oblasta-na-mar… и на http://marketingtalks.mk
Со почит, Центар за доживотно образование Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
See More

Facebook Admin (05/09/2018 17:13)
Ако не знаеш да одговориш било кое од прашањава наизуст, кога ќе те разбудат од спиење во 03.00 часот наутро, тогаш повеќе од сигурно не знаеш кому продаваш!
Тогаш не може да очекуваш ниту раст и развој на компанијата!
... #НаучиМаркетинг #MarketingTalks
See More

Facebook Admin (05/09/2018 14:30)
Иновативноста е тоа што ги разликува лидерите од следбениците. -Стив Џобс

Facebook Admin (04/09/2018 15:10)
Познат ви е “ставот”: “Оти ја така кажувам?!”
Него почесто од родителите, го имаат само сопствениците на домашните компании во државата!
... Сепак, истражувањата покажуваат дека постои директна причинско - последична врска помеѓу големината (фрекфенцијата и обемот) на учеството на сопственикот во носењето деловни одлуки од различни области (менаџмент, финансии, комерција, маркетинг...) и опаѓањето на профитабилноста или поедноставено,
колку повеќе сопственикот мисли дека знае најдобро се’ и одлучува за се’ (кои нови производи да се воведат, како да бидат дизајнирани, каде да се промовираат, кога да бидат пласирани на пазарот, која да биде цената, каде да бидат дистрибуирани, кој да ги продава...), толку послаби резултати од работењето има! (Линк до реалноста: http://eprints.ugd.edu.mk/19740/)
Наравоучение: Не постои експерт за се’!
Хиерархија од горе - надолу не е единствениот начин за организација на компаниите!
Во компаниите се потребни луѓе со знаења од различни области кои заедно ќе ги решаваат проблемите и предизвиците!
Некои одлуки, навистина треба да бидат доверени на искусни експерти од областа, оти така е поевтино!
#НаучиМаркетинг #MarketingTalks
See More

Facebook Admin (31/08/2018 16:09)
Уште еден успех за Економски факултет - Штип и УГД!
Вербата дека вложената енергија и време во учење и чесна работа си добива соодветна завршница ни донесе уште едно значајно остварување на нашиот научно-истржувачки потенцијал и труд.
Проектот на професорите доц. д-р Тамара Јованов и доц. д-р Ljupco Davcev одобрен од УГД, своето значење и признание го доби и во меѓународни рамки преку публикување на научни трудови во списанија со значителен импакт во една од најпрестижните н...аучни бази Thomson - Reuters Web of Science.
Има волшебна леснотија во сознанието дека својата земја (Republic of Macedonia) и својата институција (Faculty of Economics, Goce Delcev University in Shtip) можеш да ги претставиш првенствено преку потенцијалот кој го имаат!
See More

Facebook Admin (30/08/2018 23:44)
Мислите дека маркетингот е привилегија на големите?
- Размислете повторно!
Маркетингот е всушност еден од клучните начини како малите да станат големи!
... #ЦентарЗаДоживотноУче ње #УГД #НаучиМаркетинг #MarketingTalks
Следи за повеќе... наскоро! 👀👀
See More

Facebook Admin (30/08/2018 14:58)
Аристотел рекол: “Среќата зависи од нас самите!”
Ние велиме: “Успехот често зависи од давање на првиот чекор во вистинската насока!”
Дел од матурантите вчера го направија својот прв чекор!... Денес ги очекуваме во уште поголем број!
Се радуваме на нашата заедничка иднина, оти не постои поголема чест од можноста да влијаеш позитивно врз животот на друг човек!
#НовиГенерации #НоваНадеж
See More

Facebook Admin (29/08/2018 12:21)
Уписите за академската 2018/2019 започнуваат денес.
Не ја пропуштајте можноста да се запишете на посакуваната насока во следните 4 работни дена (29.08, 30.08, 31.08 и 03.09.2018). Имате доволно време, но не оставајте за последниот ден.
Уписите за Економскиот Факултет, како и за другите факултети на УГД, ќе се одвиваат во Домот на културата во Штип, како и во Кампусите во Струмица и Скопје зависно во кој град сакате да студирате.
... Повеќе детали на: https://www.ugd.edu.mk/…/studenti/zapis i-…/420-upisi-2018-19
See More

Facebook Admin (27/08/2018 15:43)
Најголем дел од потрошувачите се’ уште преферираат странски, наместо домашни производи, верувајќи дека нивниот квалитет во однос на цената е подобар.
Зошто?!
...Ова не е вина на потрошувачите!
... Ова е само нивната перцепција, создадена во услови кога странските компании инвестираат во освојување на пазарите, а нашите, најчесто се потпираат на стратегија на ниски цени за влез на пазар!
Компанијата произведува производ, но луѓето купуваат бренд!
Има разлика! Знаеш која е? А како да ја создадеш?
Време е за повеќе силни домашни брендови на компании и производи! Научи како!
#ЕкономскиФакултетШти п #MarketingTalks #Branding
See More

Facebook Admin (26/08/2018 17:30)
“Колку понапорно работиш, толку ти се зголемува и среќата!”
Нашите студенти Vladimir Ricliev, Ivana Arapova, Elena Arsova и Marjan Dimov, под менторство на колешката Elena Veselinova се во петте најдобри тимови на елитниот Rotman European Trading Competition и зад себе оставија многу звучни и фаворизирани имиња на универзитети од листата на учесници од цела Европа!
... Македонија - еднаш четврта во кошарка на Европско, еднаш петта во ракомет на Европско, сега петта во тргување на берзи на Европско!
Да се радуваме!
#ЕкономскиФакултетШти п #УГД #RETC #top5 #greatstudents #proudteacher #dreamscometrue
See More

Facebook Admin (25/08/2018 19:02)
„Во Македонија, државната статистика измерила дека 79,4% од новоформираните фирми ја преживуваат првата година, 52,6% првите две, само 48,1% првите три, а поразителни 37,6% првите четири години…“
... За опстанок и раст на пазарот, не е доволно да произведеш или препродаваш производ. Пазарот е сурово место, каде е неопходна поддршка од потрошувачите, а таа се заслужува! Не се купува!
Никому не му е гајле за вашиот производ! На сите им е важно задоволување на сопствената потреба или желба, преку понудата со најголема вредност!
Потрошувачот не е глупав! Тој/таа е вашата сопруга/сопруг! За да ги разберете, потребен ви е маркетинг, во сиот свој сјај, а не беда!
#MarketingTalks
See More

Facebook Admin (24/08/2018 16:09)
Кога го менуваш начинот на кој ги гледаш работите, тогаш работите почнуваат да се менуваат.
Најчесто на маркетингот, многу погрешно, се гледа како на огромен трошок, кој може да си го дозволат само големите компании, организации...
... Маркетингот е всушност инвестиција, без која не може да опстои ниту една компанија или организација.
Ајде да научиме како правилно да гледаме на работите, за да може да ги менуваме на подобро!
За разбивање на митови, пренесување на знаење, давање одговори, дружење и мноооогу маркетиншки муабети...
Наскоро, во соработка со Центарот за доживотно учење при УГД...
Marketing Talks 🧡🧡🧡
Следете 👀👀
See More

Facebook Admin (21/08/2018 14:30)
Како што енергијата е основа на самиот живот, идеите извор на иновација, така иновацијата е витален извор на сите човечки промени, подобрувања и прогреси – Тед Левит

Facebook Admin (16/08/2018 19:45)
Финалните подготовки за престижниот Rotman European Trading Competition во Рим, Италија се во тек. Нашиот тим: Ivana Arapova, Elena Arsova, Vladimir Ricliev и Marjan Dimov, со менторот, Проф. Elena Veselinova, интензивно се подготвуваат да не' претстават во најдобро светло!
Ги охрабруваме и очекуваме одлични резултати!

Radmila Jovanova
Одлична и брза комуникација на релација студент - професор/асистент и обратно, професори/асистенти од кои може многу да се научи (доколку се сака) и кои навистина се трудат да го воздигнат факултетот на едно повисоко ниво. Особено ме радува што во последно време многу поинтензивно се организираат предавања и работилници покрај стандардните предавања, а најмногу од се што вработените се обидуваат факултетот да добие една модерна компонента, преку промовирање на социјалните мрежи, не само за публицитет, туку и за уште полесна комуникација помеѓу факултетот и студентите. Студенти, користете! Браво!

Other Places:

1. Земјоделски факултет - Универзитет „Гоце Делчев” Штип
Кампус 2, УГД, Štip
Coordinate: 41.7465817564, 22.1841859818
Phone: +389 32 550 600 (zf.ugd.edu.mk)

2. Факултет за образовни науки, УГД - Штип
Кеј Маршал Тито, 2000 Štip
Coordinate: 41.7371754821, 22.1915352345
(fon.ugd.edu.mk/ )

3. Филолошки факултет, УГД - Штип
ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А, 201 Štip
Coordinate: 41.7738657614, 22.1345844274
(ff.ugd.edu.mk/ )

4. Втор конгрес на студенти по општа медицина
FMN UGD - Stip, Štip
Coordinate: 41.7458, 22.1958
(goo.gl/ forms/ GHQftMbiLAtb9eKd2)

5. САБА ШТИП - СРЕДНОШКОЛСКА АКАДЕМИЈА ЗА БИЗНИС И АДМИНИСТРАЦИЈА

Coordinate: 41.737583783, 22.1977043152
Phone: 078 378 818 (www.saba.edu.mk)

6. Русский сейчас
Engelsova 5/8, 2000 Štip
Coordinate: 41.7445645268, 22.1919965744
Phone: 0038978816842 (russkiseychas.com)

7. Fakultet Za Medicinski Nauki
STIP, 2000 Štip
Coordinate: 41.7342736258, 22.1992047456
Phone: +389 32 550 323 (www.ugd.edu.mk/ index.php/ mk/ fakulteti/ fmn)

8. Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
Goce Delcev 89, 2000 Štip
Coordinate: 41.7459253632, 22.1827697754
Phone: 032/550-550 (fptn.ugd.edu.mk/ index.php/ mk/ )

9. Фармацевти, СОУ "Јане Сандански"-Штип
Trajko Koshevski bb, 2000 Štip
Coordinate: 41.7458, 22.1958
Phone: 032/391-006 (www.jsandanski-stip.edu.mk/ )

10. Универзитет "Гоце Делчев" - Штип (Кампус 2)
Гоце Делчев бр.89, 2000 Štip
Coordinate: 41.7463988073, 22.1839681566
Phone: 032 550 000 (www.ugd.edu.mk)

Copyright © 2016 - 2019
PlacesMap.net | About