PlacesMap.net

World Places Map Directory
Home - Macedonia - Negotino - ЈЗУ Здравствен дом Неготино
Place Type : Health, Health/Beauty
Address : veljko vlahovikj 9, 1440 Negotino
Show Maps
Coordinate : 41.47955745, 22.0841993
Phone :
Rating : -
Facebook : facebook.com/ jzunegotino
198 people like this.
ЈЗУ Здравствен дом Неготино ЈЗУ Здравствен дом Неготино ЈЗУ Здравствен дом Неготино
Like this? Embed to your site
Outdated / incorrect informations? Suggest an Edit or Request for Update

Reviews:

Facebook Admin (06/12/2017 02:41)
...Бил изреволтиран од големиот број на пациенти кои многу често доаѓале во итна помош најчесто поради банални причини, а притоа прават гужви и неред. Секогаш се бунат зошто толку чекаат и ги навредуваат со тоа докторите и персоналот како тие ништо да не работат...

Facebook Admin (13/11/2017 16:28)
Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач.
Навременото, би рекол, реагирање, може да спаси понекогаш и човечки живот. Токму од таа причина, следат неколку медицински совети за укажување на итна помош. За почеток, прочитајте што да правите во ситуација на загуба на свест.
Губењето на свеста се случува кога снабдувањето на мозокот ...со крв е моментално неадекватно. Овој губиток на свеста е обично краток.
Онесвестувањето може да нема никакво медицинско значење, но и да биде сериозен знак за некое заболување. Затоа губењето на свеста се третира како итна медицинска состојба, се додека знаците и симптомите не се откријат и причината стане позната. Ако почесто ја губите свеста консултирајте се со Вашиот доктор.
Ако почуствувате дека ќе ја изгубите свеста:
Легнете или седнете. За да ја намалите шансата пак да се онесвестите, не станувајте брзо од столот или креветот.
Ако некој друг ја изгуби свеста:
Поставете ја личноста да легне на грб. Ако личноста дише, воспоставете го протокот на крв низ мозокот со тоа што ќе ги подигнете неговите/нејзините нозе над нивото на срцето – околу 30 центиметри – ако е можно. Ослободете ја личноста од каишот или од било која друга констриктивна облека. За да се намали шансата индивидуата да се онесвести пак, не ја терајте да стане одма. Ако личноста не ја поврати свеста за една минута, веднаш повикајте брза помош.
Проверете ги дишните патишта на личноста за да бидете сигурни дека се проодни. Внимавајте на повратени маси.
Проверете ги знаците за циркулација (дишење, кашлање или движење на градниот кош). Ако се отсутни, почнете со срцево-белодробно оживување или СБО (CPR). Продолжете со помошта додека не пристигне брзата помош или додека личноста не почне да дише.
Ако личноста била повредена при пад и притоа е изгубена свеста, контролирајте го крварењето со директен притисок врз раната.
See More

Facebook Admin (12/11/2017 03:11)
За укажување прва помош се користат стандардни и прирачни средства. Подготвеност за укажување прва помош претставува и поседувањето на одржувана и добро чувана кутија со стандардни средства за прва помош. Големината, формата и содржината на кутијата за прва помош е стандардизирана. Стандардите се во зависност од намената и тие се менуваат со текот на времето.
Основно е во секоја кутија за прва помош да има:
Неколку стерилни гази, во различна големина - се користат за покривањ...е на раните и за изработка на компресивни преврски; Вата - може да се користи при компресивни преврски и имобилизација; Неколку завои, со различна широчина - служат за прицврстување на стерилните гази при преврзувањето, за изработка на компресивна преврска и за имобилизација; Најмалку 2 триаглести марами - се употребуваат за преврзување, за имобилизација и за сопирање на крварење со подврзување; Леплива трака (фластер) - се користи за прилепување на стерилна газа, завршување на преврска, облепување на поливинилска фолија и сл.; Пакување со различни димензии на ханзапласт, за покривање на мали рани; Полуетиленска фолија - при отворена рана на граден кош и др.; Безопасни игли - за завршување на преврска, прицврстување на марама, обвивка; Ножички или заштитен жилет - за сечење на завоен материјал, леплива трака и сл.; Стерилни ракавици за еднократна употреба - за заштита од болест што се пренесува преку крв; Специјално пластично шамивче со вентил за вештачко дишење. Стерилните ракавици и специјалниот вентил за вештачко дишење не содржани во постоечките пропишани стандардни средства, но нивната потреба за примена е очигледна.
Прирачните средства за прва помош се материјали и предмети што ги наоѓаме во непосредна околина (при рака) поради што го добиле и името. Прирачните средства се за друга намена, а можат да се користат и за оваа цел. Најчесто ги користиме за имобилизација (сообраќаен триаголник, пупа, чадор, облека, ќебе), а поретко за преврзување и запирање на крварење (шал, парчиња платно, џепни марамчиња, марами за коса, вратоврска, ремен и др.).
See More

Facebook Admin (03/11/2017 13:45)
Во состав на ЈЗУ Здравствен Дом - Неготино, денес функционираат следните одделенија:
Итна медицинска помош Интерна медицина Дерматологија... Офталмологија Оториноларингологија Рентген дијагностика Психијатрија Невропсихијатрија Превентивна стоматолошка здравствена заштита на предучилишни и училишни деца Превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца Физикална медицина Лабораторија Поливалентна патронажа
See More

Facebook Admin (28/10/2017 22:09)
Денеска како интегрирана Јавна здравствена установа, Здравствен дом Неготино со 112 вработени, обезбедува единство на итна, превентивна и специјалистичко-консу лтативна здравствена заштита на населението на Општина Неготино ,Општина Демир Капија и пошироко.
Организацијата на работата на Домот се заснова врз начелата на достапност, рационалност и континуираност на здравствената заштита, како и на медицината базирана врз докази.
Домот на подрачјето на кое е основан обезбедува вр...шење на:
итна медицинска помош со домашно лекување превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца до 18 годишна возраст превентивна стоматолошка здравствена заштита на предучилишни и училишни деца поливалентна патронажа специјалистичко-консу лтативна дејност снабдување со лекови и помошни медицински материјали за вршење на наведените дејности во Домот – Депо за лекови Основната цел на внатрешната организација е унапредување на квалитетот и ефикасноста на здравствената заштита на населението, во согласност со реформските процеси во здравствениот сектор, зголемување на економичноста и ослободување на ресурсите кои може да се користат за воведување на нови форми и технологии во здравствената заштита. Сето тоа е базирано врз современ менаџмент ( планирање, раководење и управување) комплементарен со концептот на организирање и управување во здравствениот систем на државата каде што е постигнат степен на целосна, континуирана, квалитетна, ефикасна и рационална превентивна и консултативно-специја листичка здравствена заштита.
Со помош на континуираната медицинска едукација и континуираниот професионален развој преку стандардите за добра медицинска практика и со воведените соодветни економски и финансијски инструменти, се тежнее кон поголем степен на квалитетот на здравствените услуги.
Целта на новата здравствена политика е чување и унапредување на здравјето, продолжување на траењето и подобрување на квалитетот на живеење на поединецот и на вкупната популација.
При укажување на здравствената заштита, здравствените работници, се должни да се грижат за корисниците на кои им се укажува здравствена заштита, да го почитуваат нивното достоинство, да се придржуваат на медицинската етика и медицинската доктрина, да ја чуваат професионалната тајна, кое се однесува и на останатите вработени кои користат медицинска документација.
Корисниците на здравствените услуги во Домот имаат обврска да го почитуваат кукниот ред на Домот, да ги почитуваат советите и инструкциите на здравствените работници и на другите вработени во Домот, како и да имаат право на приговор во врска со остварувањето на правата на здравствена заштита.
Здравствениот дом останува функционална целина во обезбедување на превентивната и на специјалистичко-консу лтативната здравствена заштита.
See More

Facebook Admin (22/10/2017 21:35)
„ Лице кое ќе се затекне или ќе наиде на место на сообраќајна несреќа во која има повредени лица е должно да им укаже помош на повредените лица во сообраќајната несреќа. “

Facebook Admin (22/10/2017 05:21)
Укажувањето на прва помош не е само морална, туку и законска обврска. Уставот на Република Македонија упатува на задолжително укажување прва помош на настраданото лице. Во една од одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот стои:
„ Лице кое ќе се затекне или ќе наиде на место на сообраќајна несреќа во која има повредени лица е должно да им укаже помош на повредените лица во сообраќајната несреќа. “ Неукажувањето помош се санкционира со парична казна или затвор. Со законот не се санкционирани евентуалните случајни (несакани) грешки при укажување на прва помош. Сепак, доколку вештините кои се бараат за одредени постапки од првата помош ги надминуваат вашите знаења, во такви случаи морална обврска е таквите постапки да се препуштат на покфалификувано лице.

Facebook Admin (22/10/2017 05:18)
Прва помош е почетната грижа за повреденото лице на самото место на несреќата. Грижата се состои во благовремено преземање на внимателни постапки, мерки и активности, со цел:
да се зачува животот на повреденото лице; да се заштити од понатамошно повредување; да се намали болката и стравот;... да се спречат можните компликации и да се подобри општата состојба на повредениот. Грижата трае од моментот на откривањето на повредениот, па се до моментот кога повеќе не му е потребна прва помош или до преземањето на повредениот од квалификувани лица за струна медицинска помош. Состојбите што го загрозуваат животот (итни состојби) бараат брз одговор. Во тие моменти, судбината на повредениот е во рацете на луѓето од непосредната околина. Нема ништо похумано од благовремена и правилно укажана помош, што значи живот.
See More

Other Places:

1. Фризерско Студио Адона
Маршал Тито Бр.152, Negotino
Coordinate: 41.4846495648, 22.0905412846

2. Pzu Poliklinika Zana -Biohemijska Laboratorija
Negotino
Coordinate: 41.4839, 22.0892

3. Healthy Nutrition
Jane Sandanski 3, 1440 Negotin Vardarski, Negotino, Macedonia
Coordinate: 41.4838387994, 22.0909497142
Phone: 38975535436 (healthynutritionba.blogspot.mk)

4. Zahnärztliche Praxis Dr. Sokolov
Jane Sandanski 35, 1440 Negotino
Coordinate: 41.4839, 22.0892
Phone: 0038970324819

5. Frizersko Studio Glamour
Partizanska, 1440 Negotino
Coordinate: 41.4848184616, 22.0916987347

6. Cellulite Removal
Partizanska 254, 1440 Negotino
Coordinate: 41.4839, 22.0892
(celluliteremovalcentro.com)

7. Dental Estetic Center Negotino
Pekarev 12, 1440 Negotino
Coordinate: 41.4839, 22.0892

8. Nails Milena
Negotino, Negotino
Coordinate: 41.4839, 22.0892

9. Crystal- Beauty
В. Арсов Шпанац, 1440 Negotino
Coordinate: 41.47825, 22.089476

10. МАЏУН - Madzun
ul."Marsal Tito" BB, 1440 Negotin Vardarski, Negotino, Macedonia
Coordinate: 41.48267, 22.08175
(www.zoiunion.com)

Copyright © 2016 - 2019
PlacesMap.net | About